МОСТ – Рано е да се прогласи победник

Архивска фотографија: Дарко Алексов

Граѓанската асоцијација МОСТ ги обработи сите избирачки места, но поради тоа што резултатот е премногу тесен не направи симулација на распределбата на пратеничките мандати. Дополнително, на распределбата на мандатите може да влијае и евентуалното прегласување поради забележаните нерегуларности.

„МОСТ заклучува дека двете водечки партии, по бројот на освоени гласови, се преблиску една до друга и оваа разлика во распределбата на мандати, во зависност од маргината на грешка којашто е изразена по секоја од изборните единици, влијае на тоа кој ќе освои најмногу мандати“, рече Дарко Алексов од МОСТ на прес-конфренцијата што ја одржа во 1:30 утринава.

Алексов рече дека ова се случува за прв пат и оти МОСТ е сериозна организација за во ваква ситуација да може да проектира мандати.

Тој повика на трпение додека ДИК не ги објави првичните, а потоа и официјалните резултати од изборите, а ја повика и изборната администрација да ги истражи сите нерегуларности.