Заев – Победивме режим со пенкало

Партискиот лидер Зоран Заев на предизборниот митинг на опозицискиот СДСМ во Скопје на 4 декември 2016

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва им се заблагодари на граѓаните на Македонија, кои, како што рече, пишуваат историја. На прославата на изборната победа на СДСМ пред владата во Скопје, Заев вечерва рече дека опозицијата предводена од СДСМ, според нецелосните резултати води со еден пратеник повеќе од ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија испиша светска историја. Падна режим со пенкало, со глас“, рече Заев, додека насобраните скандираа „Шутка не ти бега, Никола“.

Тој рече дека се уште се чекаат резултатите, но оти трендовите може само да растат.

СДСМ монтираше бина пред владата, а од озвучувањето ечи „Пада влада“ од Бајага.

Во исто време прослава за изборната победа организира и владејачката ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот пред партиското седиште.