Во моментов имаме 20 илјади гласови повеќе од СДСМ, но ќе имаме уште повеќе, рече на прес конференцијата во седиштето на ВМРО- ДПМНЕ Влатко Ѓорчев од оваа партија. И по 71 година, СДСМ останува партијата што само еднаш победила на парламентарни избори и тоа на 15 септември 2002 година. Но овојпат, по 9 победи по ред, повторно резултатот е победа на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, десетта по ред, рече Ѓорчев. И од ВМРО-ДПМНЕ најавија прослава пред седиштето на партијата. Победа веќе прославуваат од СДСМ, но тие пред Владата.