Режимот на Никола Груевски станува минато и веќе се слави на плоштадите, рече портпаролот на СДСМ и носител на кандидатската листа во изборната единица 6, Петре Шилегов на прес-конференција во партиското седиште неколку минути пред 22 часот. Тој рече дека СДСМ извојувале голема победа во Скопје и оти победиле во Битола, Куманово, Струмица, Струга, Кавадарци, Гостивар и Дебар. Победата во големите градски средини говори дека е на повидок голема победа на граѓаните, рече тој, додека насобраните скандираа „Шутка не ти бега Никола“.