Граѓанската асоцијација МОСТ на прес-конференција по завршување на гласањето ги наброја нерегуларносттие што нивните набљудувачи ги воочиле на терен. Имало непочитување на постапката на гласање и проблеми предизвикани од подносители на кандидатски листи и гласачи. Односно биле забележани случаи кога член на избирачкиот одбор од политичка партија откинал 5 гласачки ливчиња и му ги дал на друг член од политичка партија, кој отишол позади параванот и гласал. Гласачките ливчиња стуткани биле ставени во гласачката кутија. Потоа гласал човек кој не бил запишан во избирачкиот список. Гласале луѓе без претходно да се провери дали имаат траги од спреј. Набљудувачите на МОСТ забележале и нарушување на тајноста на гласањето и семејно гласање. На гласачко место во Аеродром човек гласал во име на друг гласач, оти на негово место веќе некој друг го дал гласот.
Во општина Карпош забележан е случај кога член на избирачки одбор од политичка партија го изнесол изводот од избирачкиот список надвор од гласачкото место. Неовластени лица евидентирале гласачи во посебни списоци, понатаму забележани се случаи на поткуп и агитација. МОСТ нотирале и слуачи на фотографирање на гласачко ливче.
Во текот на денот на бесплатната телфонска линија 080 080 080 и на neregulranosti.most.org.mk биле примени 60 пријави за граѓани кои не се запишани во Избирачкиот список.