Во Неготино и во Демир Капија гласале три четвртини од гласачите до 17 часот

Во Неготино до 17 часот гласале 73,41 отсто од избирачите, а во Демир Капија 74,94 проценти, информираа Нетка Веселинова и Стојна Топчиева, претседатели на општинските изборни комисии во двете општини. Тие соопштија дека гласањето кое започна навреме, поминува без проблеми.

Во Неготино се евидентирани 15.992 лица со право на глас, а во Демир Капија 3.368.