Невладината организација Цивил, која ги следи изборите со 308 набљудувачи, оценува дека изборниот ден протекува со голем број нерегуларности. Претседателот на Цивил Џабир Дерала рече дека избирачкиот список е во хаос и повеќе од 2000 луѓе немале можност да го остварат своето гласачко право.
Тој исто така оцени дека агитацијата е непрекината, како да не постои изборниот молк. Дури и членови на избирачките одбори агитирале како да се гласа.
Дерала се пожали и дека продолжиле притисоците врз набљудувачите на Цивил.