Околу седум проценти повеќе битолчани излегле да гласаат на овие предвремени парламентарни избори за разлика од оние во 2014. Според податоците на ДИК, до 13 часот излезноста во Битола е 41,48 проценти, а на минатите избори во исто време била пресметана излесност од 35 проценти.
Битола заедно со Крушево водат по број на излезени гласачи во петтата изборна единица. Во Крушево до 13 часот гласале дури 45,24 проценти. Излезноста на цела петта изборна единица е 33,55 проценти, за разлика од 2014 кога беше 29,88 проценти.