Кавадарчанец го искинал гласачкото ливче на сопругата по што половина час било прекинато гласањето на избирачко место во Кавадарци, но потоа гласањето продолжило без проблеми. Како што информираше попладнево Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес, едно лице било уапсено во врска со настанот, а искинатото гласачко ливче е обезбедено.
За настанот земен е записник за примање на пријава од заменик претседателот на Избирачкиот одбор. Се работи на целосно расветлување и документирање на случајот.