Изборниот ден поминува со низа нерегуларности, оцени невладината организација Цивил, чии активисти ги набљудуваат изборите. Претседателот на организацијата Џабир Дерала, на прес-конференцијата во 16 часот, рече дека најголем проблем останува избирачкиот список, кој според него е во хаос, а над 1000 луѓе не може да си го остварат правото на глас.
Тој рече дека во скопската Општина Сарај е забележано полнење гласачки кутии, и дека имаат потврда оти е гласано во име на четворица починати гласачи.
Дерала рече дека продолжуваат агитацијата и заплашувањето на гласачите, а избирачките одбори ја кршат изборната процедура. „Или не знаат или не сакаат да ја спроведат прописно гласачката процедура“, рече тој.
Дерала рече дека семејното и групно гласање доживува подем во попладневните часови.