Државната изборна комисија на втората прес конференција во 14 часот соопшти дека на ниво на Македонија одзивот на гласачите до 13 часот бил 34,83 насто.
Во Првата изборна единица одзивот бил 38,35, во втората 33,71 во третата 38,62, во четвртата 39,09 во петата 33,35 и во шестата 23,85 насто.
На прес конференцијата е соопштено дека до ДИК биле доставени дваесетина приговори за нарушување на избирачкото право и скоро сите биле гласачи кои се наоѓале на спорните листи.
Тие како што е наведено, не дале барање за поправка на податоците. Општа оценка на ДИК е дека изборите се одвиваат во мирна и фер атмосфера и оти немале сознанија за нарушување на изборниот процес.