Стари и млади гласаат во Битола

Избори 2016 - гласање во Битола - дедо

87 годишниот битолчанец Коле Илиевски иако тешко се движи, денес се искачи на трети кат во битолското училиште "Ѓорѓи Сугарев" за да гласа. Дедото вели дека мора да се гласа за подобра иднина на Македонија, јави дописникот на РСЕ од Битола.

"Досега не сум пропуштил избори. Одвај ги качив скалите. На една дури и паднав. За нас старите животот е при крај, но гласаме за да биде подобро за младите, да имаат работа, потомство во татковината, да напредуваат во работата- рече Илиевски.

Од избирачкиот одбор му дадоа столче да седни да се одмори додека да го евидентираат. Потоа фатен под рака го однесоа до параванот, а понатаму гласаше сам.

На избирачките места имаше и други стари битолчани кои со помош на роднини или потпирајќи се на бастуни дојдоа да го дадат својот глас на предвремените парламентарни избори. Наспроти нив имаше и млади родители кои со бебиња во рацете дојдоа да гласаат.

Во Битола има 170 избирачки места, а гласаат 82 212 граѓани. Излезноста до 10 часот е 13 проценти.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Со бебиња и бастуни на гласање