Граѓаните можат да пријават повреда на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниот правобранител денеска за време на одржувањето на предвремените парламентарни избори во периодот од 7 до 19 часот функционира беслатната телефонска линија 0800-54321 на која граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право. Отворени за граѓаните се сите седум канцеларии на Народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и во Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права.