Едно гласачко место во Куманово било отворено со задоцнување од 15 минути и едно гласачко место во Велес, исто така било отворено 30 минути подоцна, поради немање струја. Ова на денешната прес конференција, нешто по 9 часот, го изјави Дарко Алексов од МОСТ.
Набљудувачите на МОСТ регистрирале и фотографирање на гласачкото ливче со мобилен телефон и тоа на едно гласачко место во Радовиш и на едно во Ѓорче Петров. Во Ѓорче Петров била повикана и полиција поради фотографирањето на ливчето.
Други проблеми засега нема.