ДИК соопшти денеска дека најголема излезност до 13 часот во гласачките места на Република Македонија во странство во кои денеска се гласа за предвремените парламентарни избори од 55,5 отсто е регистрирана во Софија и Анкара. Според податоците на ДИК, во Софија од запишаните 36 гласачи гласале 20 лица, а во Анкара од 45 гласале 25-мина.
Најголем број избирачи од дијаспората се пријавиле да гласаат во Швајцарија каде на четири избирачки места во Берн треба да гласаат 4.255 лица, а во САД во четири града , Вашингтон, Детроит, Чикаго и Њујорк вкупно треба да гласаат 3.086 лица и во Австралија на две избирачки места во Мелбурн и Канбера каде треба да гласаат вкупно 1.807 лица.