За Центар 120 садници, а за Ѓорче Петров 85 илјади

Акцијата „Ден на дрвото“ во Македонија.

Државата преку „Македонски шуми“ има различен аршин према единиците на локална самоуправа, па своеволно одлучува која општина колку садници ќе добие за зазеленување на просторот, се вели во соопштението на скопската општина Центар. Во него е наведено дека општината е дискриминирана, во однос на другите. Општината Ѓорче Петров добила 85.293 садници, општина Гази Баба добила 67.905, општина Кисела Вода добила 30.000 садници додека општината Центар оваа година добила само 120 садници. Во соопштението е наведено дека за општина Центар, во која власта и градот Скопје направија најбрутална сеча на дрвјата, „цели“ 120 садници додека во општината Ѓорче Петров се пратени 710 пати повеќе садници отколку во Центар.

Градоначалникот на Општина Центар беше поканет, но не дојде на координтивните средби со градоначалниците на општините во Град Скопје и градоначалникот на Скопје, по повод повод акцијата „Ден на дрвото“, се вели во демантот на ЈП „Македонски Шуми“ на обвинувањата од Општина Ценар за различните аршини на државата кон општините.

-„По оддржување на координативните состаноци во ЈП „Македонски Шуми“ се јави лице вработено во Општина Центар кое побара 120 садници да бидат распределени на Општина Центар и тоа беше испочитувано од наша страна, се истакнува во демантот на Јавното претпријатие.

Според нив, изјавата на Андреј Жерновски е злонамерна, тенденциозна, не соодветствува со вистината и дадена е со цел за нарушување на угледот на ЈП„Македонски шуми“

Скопската општина Центар се жали на односот на централната власта денеска кон неа. Во писменото соопштение е наведено дека општината и градоначалникот се секојдневна мета на инспекции и ревизии, што не е случај во другите општини.