Догодина ќе се садат 5 милиони дрва за „Ден на дрвото“

Акцијата „Ден на дрвото“ во Македонија.

Премиерот Емил Димитрив најави дека секоја година ќе се засадуваат по 5 милиони дрва преку манифестацијата „Ден на дрвото“. Тој ова го изјави за време на акцијата „Ден на дрвото -засади ја својата иднина“ во Кочани. Од 2008 година, кога почна акцијата „Ден на дрвото“, досега се пошумени 13 илјади хектари со 35 милиони садници, а годинава, како што напомена Димитриев, пошумени ќе бидат 503 хектари со 2,6 милиони дрвца.