Од СЈО во врска со случајот „Сопот“, денеска појаснуваат оти врз основа на јавно објавен разговор, побаран е предметот со цел да се произнесат за нивната надлежност.
„Сакаме да појасниме дека поднесеното обвинението против обвинетите во случајот „Сопот“ е поврзано со содржината и со кривичните дела кои произлегуваат од содржината на разговорот кој се однесува на наведениот случај, па со оглед на ваквата околности ние имаме законска обврска да го побараме овој предмет, а со цел да се произнесеме за нашата надлежност врз истиот, е наведено во соопштението.
Од СЈО укажуваат и дека во периодот од 2008 година до 2015 година, кој е наведен во законот за работата на институцијата се однесува исклучиво на времето на реализација на незаконски следените комуникациите, а не и на времето кога одреден настан се случил.
Претседателот на Советот на обвинители, Петар Аневски претходно изјави дека СЈО нема ингеренции за „Сопот“, бидејќи настанот за случајот потекнува од пред 13 години.