САД: Хакирани информации на 134 000 маринци

Американската воена морнарица соопшти дека хакери влегле во чувствителни информации за над 134 илјади сегашни и поранешни американски морнари. Упадот за кој информираше вицеадмиралот Роберт Бурк, е последен во серијата сајбер напади што предизвика загриженост за заштитата на компјутерските системи. Се прецизира дека од лаптопот кој бил користен од еден службеник биле хакирани податоци, вклучувајќи и броеви на социјалните карти на над 134 илјади марници кои хакерите би можело да ги употребат за разни криминални дела.