„Бегалец сега - човек секогаш“ уметничка инсталација на УНХЦР во Скопје

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Низа фотографии од бегалската криза поставени во центарот на Скопје имаат за цел на граѓаните да им покажат во какви услови живееле бегалците, пред да мора да побегнат од својата татковина. Претставникот на канцеларијата на УНХЦР во Скопје, Мохамед Ариф, вели дека оваа уметничка инсталација ќе им покаже на граѓаните кои биле бегалците, зошто ги напуштиле своите домови и дека секој човек може да се најде во слична ситуација, да биде приморан да стане бегалец. Целта е подигнување на свеста на јавноста за бегалците, нивните потреби и права.