Столтенберг: Tурски војници на позиции во НАТО побарале азил

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, држи говор за состанок за соработка во областа на безбедноста и одбраната меѓу НАТО и ЕУ во Брисел, 18 ноември 2016.

Претставници на турската армија, назначени на позиции во НАТО, побарале азил, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг. Според генералниот секретар на НАТО барањата за азил се прашање кое ги засега националните власти.

За време на посетата на Истанбул, која почнува в недела Столтенберг ќе го покрене прашање за човековите права. Столтенберг исто така ја повика Турција да го почитува владеењето на правото.