Данска е подготвена да ги зголеми воените трошоци

Ларс Локе Расмусен, премиер на Данска

Данска е подготвена да ги зголеми воените трошоци, изјави премиерот Ларс Локе Расмусен по разговорот со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп. Трамп за време на кампањата постојано ги критикуваше сојузниците во НАТО дека не плаќаат доволно за нивната одбрана. Данска троши околу 1,2 насто од буџетот, како и повеќето други членки на Алијансата. Според договореното, тие треба да придонесуваат во НАТО со 2 насто од нивниот буџет. Расмусен изјави дека разговорот со Трамп бил пријателски и конструктивен. „Ни требаат силни Соединети држави кои ќе го водат слободниот свет“, рече тој.