Судири на протестот во Атина за посетата на Обама

Претседателот на САД Барак Обама и премиерот на Грција Алексис Ципрас, Атина 15.11.2016.

Во Атина дојде до судири кога демонстрантите кои протестираа поради посетата на американскиот претседател Барак Обама се обидоа да го пробијат полицискиот коридон, а органите на редот одговорија со солзавец. Претходно, грчката полиција соопшти дека околу 3.000 анархисти, поддржувачи на левичарските групи и студенти тргнале кон центарот на Атина на протестен марш поради посетата на Обама. Властите забранија секакви демонстрации во центарот на Атина. Над 5.000 полицајци се ангажирани поради зголемените безбедносни мерки по повод дводневата посета на Обама. Меѓу грчките левичари постои силна антиамериканска традиција. Тие уште негодуваат поради американската поддршка на грчката воена хунта од 1967 до 1974 година.