ДУИ ги објави носителите на кандидатските листи

Архивска фотографија: Претседателот на ДУИ Али Ахмети и Артан Груби, пратеник од ДУИ

Демократската унија за интеграција ги објави кандидатските листи за престојните предвремени парламентарни избори. Носител на изборната листа во правата изборна единица ќе биде Артан Груби, а во втората Ејуп Халими. Во третата изборна единица носител на листата е Нафи Дурмиши, во четвртата Артин Спахиу, во петтата Агим Шаќири. Лидерот на ДУИ Али Ахмети ќе биде носител на листа во шестата единица, а во седмата е Џевдет Спахиу.

Во нивното соопштение е наведено дека лидерот на ДУИ Ахмети ја поздравил одлуката на генералниот совет на партијата да го поддржи предлогот на Централното партиско претседателството и изразил уверување дека кандидатите ќе дадат придонес за време на кампањата и како членови на следниот состав на Парламентот..