БЈБ уапси две лица во антитерористичка операција

Архивска фотогарфија, прес конференција на директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков на 15 јули 2016

Две лица минатата недела се уапсени поради сомневање дека планираат терористички напади и за поврзаност со повратници од ИСИС, како дел од поширока регионална антитерористичка операција во која учествуваа македонските, албанските и косовските служби соопшти директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков на денешната прес конференција. Тој појасни дека за нив имале разузнавачки информации по кои извршиле два претреси во Скопје, по што одземале телефони, компјутери, фотоапарати, метален боксирач и разна документација.

Првоуапсениот е 24 годишно момче жител на селото Арачиново, и за него судија на претходна постапка изрекол мерка притвор од 30 дена. Додека второприведениот е 23 годишно момче од Скопје, но уапсен е во Косово.

На новинарските прашања, Чавков не одговори прецизно какви напади планирале кои се осомничени за тероризам и посочи дека благодарение на полицијата било спречено спроведувањето на нивните намери.

Чавков, изјави дека станува збор за лица за кои постоеле разузнавачки информации од претходно дека се припадници на исламски радикализам, како и дека имаат поврзаност со повратници од ИСИС, односно странски борци.

Претходно албанската и косовската полиција соопштија дека во координираната антитерористичка операција биле уапсени вкупно 11 лица, четири во Албанија и седум на Косово.