Берзите во пад по водството на Трамп во клучните држави

Светските берзи и американскиот долар забележаа „слободен пад“ по вестите дека републиканскиот кандидат Доналд Трамп има водство во некои клучлни сојузни држави за победа на претседателските избори пред неговиот ривал демократскиот кандидат Хилари Клинтон. Берзите во Токио, Хонг Конг и Сеул паднаа од 2 до 5 насто. Во електронското тргување американскиот берзански индекс Стандард и Пур 500 падна за 1,9 проценти. Американскиот долар падна во однос на јенот и еврото кои пораснаа за 1,3 насто. Повеќето берзи ја фаворизираа Клинтон пред Трамп, бидејќи инвеститорите сметаат дека Клинтон ќе ги задржи политиките на претседателот Барак Обама.