Рочиштето за „Диво насеље“ зад затворени врати

Архивска фотографија - Судски процес „Диво насеље“, февруари, 2016.

Ново судско рочиште против обвинетите за тероризам во случајот „Диво насеље“денеска продолжува во големата сала на Врховниот суд. Судењето е затворено за јавноста, бидејќи ќе бидат презентирани транскрипти и извештаи од посебните истражни мерки на Управата за безбедност и контраразузнавање.

Засилени безбедносни мерки во и околу Судот, како и на локалните сообраќајници се преземени и денеска. Местото околу Судот го надлетуваа и полициски хеликоптери.

Судската постапка се води против 29 луѓе, кои се обвинети за тероризам и терористичка организација за настаните поврзани со случувањата од 9 и 10 мај 2015 година во Куманово. Случајот подоцна се спои со „Молња“ во кој се води постапка против осум луѓе помагачи на вооружената група од „Диво насеље“.

На 9 и на 10 мај 2015 година во Куманово вооружена група се судри со безбедносните сили, при што загинаа осум полицајциа, од беа убиени и десет лица од вооружената група.