Ѓорчев побара оставка од Спасовски, МВР: законот мора да важи за сите

Заменик министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

Министерството за внатрешни работи излезе со реакција на прес конференцијата на членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев кој побара оставка од миинистерот Оливер Спасовски, поради како што наведе дека со денови криел оти бил нападнат заменик министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

МВР во соопштението наведува дека тоа е бескрупулозен обид на Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ, дополнителниот заменик министер Диме Спасов од сторител на неколку прекршоци да го претвори во жртва.

„МВР во врска со овој случај истакнува, дека во сите фази на постапката настојуваше да обезбеди високо ниво на професионалност и непристрасност што треба да биде стандард до кој тежи секој државен орган во Република Македонија. Оливер Спасовски како актуелен министер за внатрешни работи е функционер кој е апсолутно свесен за последиците од своите постапки и тежината на своите изјави, што може да бидепример за некои други функционери во државата.“

Во соопштението МВР укажува дека минатиот петок Спасов со службено возило на Агенцијата за вработување, надвор од работното време предизвикал собраќајна незгода и на двапати го напушти местото на настанот, дека не ги почитувал наредбите и знаците на полицијата за застанување на возилото, дека избегал од службените лица и во полициската станица Карпош се појавил да даде исказ 24 часа по извршување на делото, дека заедно со лицата кои се обидувале да го заштитат, неколку пати ги менувале изјавите во врска со настанот и дека ќе биде гонет за прекршување на три члена од Законот за безбедност во патниот сообраќај.

Ѓорчев на прес-конференцијата рече дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски „мора да си поднесе оставка поради манипулациите со криминално - полициската местенка.“

„Целата јавност можеше да се увери од снимките дека станува збор за насилен напад од страна на лица со криминални досиеја кои што на семафор удираа по автомобилот во којшто се превезуваше заменик министерот Спасов. Целата јавност можеше да се увери дека не станува збор за случаен инцидент. Насилниците со дебели полициски, криминални досиеа стоеја зад алфите на Оливер Спасовски. Дали им даваа команди или се координираа не можеше да се утврди, но очигледно е дека луѓе со десетици кривични пријави за тешки кривични дела не беа предмет на интерес на алфите, туку нивна цел беше заменик министерот Диме Спасов. Своето оружје, и своите пиштоли ги насочија кон него, рече Ѓорчев.