Од СДСМ денеска реагираа дека дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов по скандалот што го направил и по четири дена откако не бил присутен во јавноста се појавил на скандалозно интервју на кое покажал се што научил од неговите шефови Никола Груевски и Сашо Мијалков.
Од опозициската партија посочуваат и дека од ВМРО ДПМНЕ не успеале да смислат одговор на клучните прашања и наместо Спасов да се извини за своето неодговорно и непресметливо однесување, тој без тронка срам, решил најбезобразно да ја лаже целата јавност со евтини „финти“ и филмови.
Според СДСМ, прашањата за кои се уште нема одговор се што правел доцна навечер со службено возило, дали бил во алхохолизирана состојба, зошто се обидел да излаже дека не возел и дали имал сопатничка во возилото и во кое својство била таа таму, како и зошто се криел од јавноста и не одел на работа.