Заменик министер во алкохолизирана состојба во петок навечер предизвикал сообраќајна незгода и побегнал од местото на настанот, велат извори од МВР за Радио Слободна Европа. Според изворите од МВР несреќата се случила во скопската општина Карпош, зад зградата на Катастар, а во автомобилот останала само неговата сопатничка.
Предизвикана е само материјална штета, нема повредени, велат изворите од МВР. Според полициски извори автомобилот бил во сопственост на Агенција за вработување.
Додека од полицијата не кажуваат за кој функционер станува збор, дел медиуми веќе објавија дека станува збор за заменик министерот за труд и социјала Диме Спасов. По што од Кабинетот на заменик министерот излегоа со писмена реакција во која се вели дека не се случила „тешка сообраќајна незгода со последици” и дека се должни да реагираат бидејќи информациите објавени во дел од медиумите се невистини, шпекулации и груби дезинформации кои очигледно се смислени за да наштетат на угледот на дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика.
„За овој типичен пример на организиран и координиран напад поттикнат во политички цели против дополнителниот заменик министер во наредните денови не е исклучено и поведување постапки пред надлежните судови за докажување на вистината, се вели во реакцијата од Кабинетот на дополнителниот заменик-министер она Диме Спасов.