Трамп оцени дека тоа би можело да доведе до отворен конфликт, или како што рече „Третта светска војна“, додека Клапер изјави дека Русија би можела да собори американски авиони ако Вашингтон се обиде да воспостави зона на забранети летови како што предлага Клинтон над некои делови на Сирија.
„Јас не би го ставил тоа и да им дозволам да соборат американски авион, ако им се чини дека тоа е закана за нивните сили на теренот“.
Во разговорот во Советот за надворешни односи во Њујорк, Клапер додаде дека Русија распоредила многу напреден и способен систем за воздушна одбрана во Сирија, при што оцени дека Русите не би го направиле тоа ако немаат намера и да го употребат.
Администрацијата на Обама се воздржа од создавање на зона на забранети летови за заштита на цивилите во Сирија делумно поради потенцијалот за директна воена конфронтација со Русија.
Клинтон не е единствената која повика на таква зона. Токму Мајк Пенс, кандидатот за потпретседател на Соединетите држави, предложен од Трамп, неодамна изјави дека се залага за таков пристап.
Но, Трамп во интервју за новинската агенција Ројтерс на 25 октомври рече дека тоа неизбежно ќе доведе до конфронтација со Русија.
„Ќе завршите во Третта светска војна околу Сирија ако ја слушате Хилари Клинтон“.
Според Трамп, веќе нема да биде тоа борба само со Сирија, туку и со Русија и Иран.
Директорот на американското Национално разузнавање Џејмс Клапер запрашан за рускиот претседател Владимир Путин изјави дека тој на извесен начин ја враќа „царската ера“ во Русија.
„Мислам дека тој ја има оваа визија на голема Русија како голема сила. Исклучително важно за него е Русија да се третира и почитува како глобална сила на исто ниво со САД“.
Клапер додаде дека американскиот одговор на руското хакирање на претседателските избори не може да дојде во форма на реципрочен сајбер напад, но најави дека на крајот Русија ќе ја плати цената.
Според него, Русија не била зад сајбер нападите што во минатата недела парализираа многу врвни веб-сајтови, вклучувајќи ги и Амазон, Ибеј, Твитер, Нетфликс и Си Ен Ен.
Тој оцени дека ваквите „недржавни напади се многу полоши од оние што ги прават Русија и Кина.
Клапер, исто така, оцени дека долгогодишната американска цел да се натера Северна Кореја да се откаже од нуклеарното оружје е „веројатно загубен случај“ и затоа САД, сега треба да се фокусираат врз ограничување на нуклеарни капацитети на Пјонгјанг.