Изјавата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева дека вработувањето на нејзиниот внук во СЈО не претставува непотизам, е врв на нејзиното потценување на граѓаните и лицемерие кон принципите за транспаретност и за праведно работење, изјави Антонио Милошоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Тој вели дека Катица Јанева и нејзиниот тим го претвориле Специјалното јавно обвинителство во партиска испостава на СДСМ и дека вдомуваат нивни блиски луѓе на државен буџет.
Милошоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ го поддржа формирањето на СЈО, но нема да поддржува и да оправдува постапки коишто ја девалвираат правната фела.
„Сметаме дека е крајно време СЈО да престане да води политички активизам и да стане професионална институција“, рече Милошоски.