Дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов во вели дека со најавената аукција на државни хартии од вредност за утре се побаруваат за 17 пати повеќе средства од долгот што доспева за враќање. Наумов тврди дека министерот за финасии Кирил Миноски „ја користи последната аукција на државни хартии од вредност објавена пред распуштањето на Собранието на Република Македонија на товар на граѓаните да запише нов нето долг“.
„Оваа власт зад себе ќе остави повеќе од пет милијарди евра долг на идните генерации, се наведува во писмената изјава на Наумов.
Министерството за финасии за утре побара да се задолжи за 31 милиони евра, а задутре треба да врати стар долг од 1,9 милиони евра.
Во писмената реакција на Министерството за финансии е наведено дека аукцијата на државни хартии од вредност закажана за утре е во износ од 1,915 милијарди денари, или идентична сума колку што се враќа неделава - што значи дека нето-задолжувањето по оваа аукција е еднакво на нула.