Владата на денешната седница донела одлука да ги награди играчите и членовите на стручниот штаб на младинската фудбалска репрезентација, која се пласираше на европското младинско фудбалско првенство. Премиерот Емил Димитриев денеска се сретна со членовите, стручниот штаб и раководството на македонската младинска репрезентација во фудбал, соопшти владината прес-служба. Тој им пренел дека Владата ќе им додели 4.200.000 денари (70 илјади евра), како симболичен чин на благодарност и поддршка од страна на државата за овој нивен спортски резултат.
Димитриев потенцирал дека Владата во границите на своите ингеренции и надлежност останува подготвена за натамошна поддршка на младинската репрезентација во пресрет на подготовките и настапот на европското првенство за млади во фудбал, додаваат од прес службата на Владата.