Демократскиот сојуз поднесе предлог Парламентот денеска да се распушти

Демократскиот сојуз до Собранието на Република Македонија достави Предлог-одлука со која бара денеска да се распушти Парламентот, со што, сметаат дека ќе се создадат Уставни можности изборите да се одржат на 11 декември годинава.

„Согласно договорот од 31 август 2016 година, четирите партии констатираа дека има услови за одржување предвремени парламентарни избори, при што како датум го определија 11 декември. За подготовка на сите партии за учество на изборите, неопходен е период од најмалку два месеци, поради што предлагаме во текот на денот распуштање на Парламентот“, наведуваат од партијата.

Според ДС, освен предложените промени за работата на СЈО и заштитени сведоци, други реални причини за одложување на самораспуштање на Парламентот нема.