Жбогар: кредибилни избори клучни за решавање на кризата

Самуел Жбогар

„Фер кампања и кредибилни избори во декември се клучен чекор кон разрешување на политичката криза во земјата“, порача денеска шефот на Делегацијата на ЕУ Самуел Жбогар на конференцијата „Напредни методи за мониторинг на финансирањето на политичките партии и изборните кампањи“. „Оваа криза им нанесе сериозен удар не само на политичкиот систем, туку и на самите темели на владеењето на правото и демократскиот поредок и ја парализира земјата веќе предолго“, рече Жбогар. Тој нагласи дека декемвриските избори ќе бидат тест за одговорноста, тест за зрелоста, за нејзините лидери, за нејзините институции, за јавните службеници, за медиумите и подвлече за граѓаните. „Јас сум оптимист и би сакал да заклучам дека навистина верувам дека со силна политичка заложба и напори од сите релевантни фактори, граѓанското општество и граѓаните проблемите ќе се разрешат и кризата ќе заврши, порача евроамбасадорот Жбогар.