Полскиот Парламент со огромно мнозинство гласаше за отфрлање на контроверзниот нацрт закон којшто предвидуваше целосна забрана на абортусот. Десничарските и либералните пратеници во 450-члениот Долен дом на Палраментот ги здружија силите на денешното гласање и со 352 гласа за, 58 против и 18 воздржани го отфрлија предлогот.
Земјата веќе има еден од најрестриктивните закони за абортус во Европа, а предлог законот предвидуваше да се забранат сите абортуси, освен ако животот на мајката е во опасност.
Предлогот за построг закон дојде по иницијативата на граѓани кои се залагаат против абортусот, поддржани од црквата и од конзервативната владеачка партија, коишто собраа 450 илјади потписи. Иницијативата предизвика масовни протести од жените ширум земјата.