Формирањето на СЈО е клучната работа која произлегува од Пржинскиот договор. Политичките партии во многу наврати се имаат обврзано да дадат поддршка на СЈО. Ние ги охрабруваме партиите да ја почитуваат оваа нивна заложба и во иднина да ја имплементираат со поддршка кон СЈО. Ова го изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар, денеска во Куманово одговарајќи на новинарско прашање како ја оценува одлуката на владејачките партии за недавање поддршка на измените на Законот за СЈО.
Жбогар го повтори ставот дека СЈО е најдобрата алатка за да се истражи одговорноста којашто произлегува од прислушуваните разговори.
Што се однесува до изборите, евроамбасадорот изјави дека четворицата лидери уште во август востановиле дека сите услови се исполнети за нивно оддржување во декември.