САД: Барањата на СЈО се разумни

Твит на американската амбасада во Скопје

Ги охрабруваме сите партии да се придржуваат кон обврските преземени со договорите од Пржино и од 20 јули за да осигураат веродостојни избори и непречена работа на Специјалното обвинителство и на независните набљудувачи на медиумите е дел од пораката која денеска ја испрати американската амбасада на социјалната мрежа Твитер. Во продолжение е наведено дека воспоставувањето отчетност за неавторизираните прислушувања и сомнежите за владина злоупотреба се суштествени и клучни за да може Македонија да излезе од продолжената криза.

„САД верува дека се разумни барањата на СЈО за поддршка на темелна, независна истрага на фактите“ е наведено во пораката на американската амбасада во Скопје.

Пораката доаѓа откако пратениците на владејачката коалиција одбија да гласаат за барањата на СЈО за измена на законот за заштита на сведоци и закоснките измени со кои ќе се овоможи пролонгирање на рокот за истрага на СЈО.