Предлог измени на законите по скратена постапка за Специјалното јавно обвинителство и за заштита на сведоци не поминаа во Собранието. Предлог измените добија поддршка од вкупно 30 тина пратеници додека останатите гласаа против.
Пратениците на ДУИ не се појавија во Собранието иако нивниот пратенички координатор Талат Џафери јавно посочи дека ќе ги поддржат барањата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Обвинителката Катица Јанева неколку пати досега побара од пратениците да изгласаат промени на Законот за заштита на сведоци, за СЈО да може да навлезе во сржта на предметите „Нешковски“, „Монструм“ и „Сопот“. Иницијативата за измени на законите таа ги достави во Собранието уште во април. Станува збор за измени со кои се бара продолжување на рокот за работа на СЈО, односно на рокот од 18 месеци за поведување на предистражна и истражна постапка, како и измени на законот за заштитетни сведоци со кои се овоможува на јавните обвинителства самостојно да можат да предложат и да преземат мерки за заштита на сведоци а во тоа да не бидат вклучени премногу институции со кои се оневоможува вистинска заштита.