Ваши коментари – Најавата за 140 градинки, приказни за мали деца

Архивска фотографија

Најавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за изградба на 140 државни градинки од 2017 до 2020 година наидува на иронични коментари од нашите читатели.

Најавата на Зоран Заев дека СДСМ влегува во широк опозициски фронт со левите и со центарот и претставувањето на „Планот за Македонија“ за декемвриските вонредни парламентарни избори немаат коментари на нашата Фејсбук страница, но затоа најавата на Груевски за изградба на 140 државни градинки од 2017 до 2020 година предизвикала експлозија на граѓанското незадоволство, чест на исклучоците, се разбира.

Наташа Тунески прашува дали Груевски во нив ќе ги сместува пензионерите бидејќи „младината испари, пензионерките ли ќе ти раѓаат. Источна Македонија по три деца има во прво одделение“, постирала Наташа. Фестим Русани иронично најавува, во стилот на Груевски, дека ќе изгради куќа со базени до 2080 година и неколку автомобили Ферари. Роза Милошева веднаш му реплицирала со прашање: „Зарем досега немаш? Заев од кога има“, а Андрија Велјаноски, пак, ѝ реплицирал на Роза: „Заев (можеби) има, ама и вработува, (и живеат вработените од него) околу 1000 фамилии, а овој психопат од каде стана милијардер?“ Хабиб Рушани напишал: „Овој изгледа мајтап си игра со народот“, а Дарко Димовски во својот пост забележува: „Како лидер на партија каква функција има во државава, па што јаде бабури дека ќе изградел? Или човекот е болен или сите ние сме неарни што уште го толерираме!!!“. Златко Ташев се лути на нашево Радио па го нарекува „соросоидно и комуњарско“. Коста Новаков прашува и констатира: „Какви градинки, лажач прва класа!“

По изјавата на Мијалков, еден од осомничените во најновата истрага на СЈО, „Трезор“ дадена по судскиот распит, дека не направил никаква штета на буџетот – повторно експлозија од незадоволство на фановите на РСЕ на Фејсбук: „На човекот не му е арно, да не има амнезија? Не може да се сети колку крадел, ооо, за гревче!“ - коментира Јулијана Павлова, а Ибо Шкупи постирал: „Бомбите кажуваат дека си го уништил, како и државата со целата компанија. Крајот дојде, уште малку шетајте“. И продолжуваат подбивните коментари, како оној на Никола Велески: „Речи жими мајка“, или на Тони Русовски: „Ма јок, измислуваат странските служби“.

Има повеќе постови во врска со нашата ТВ тема „Зошто властите го поттикнуваат национализмот?“, некои со напади врз Заев, врз Радио Слободна Европа, врз Америка... Иван БелКа и Владан Адеми, меѓутоа, имаат речиси идентични ставови: дека ние Македонците секогаш ја бараме вината во друг, а самите сме кукавици да признаеме дека ние сме тие што не ги бива, а дека за тоа треба доблест, па потоа да почнеме да се оправаме.