Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски денеска одржа работен појадок со Генералниот секретар на ПС на ОБСЕ Роберто Монтела и амбасадорите на Швајцарија, Украина и Латвија при ОБСЕ во Виена.
Како што соопшти МНР, главни теми на состанокот беа политичките предизвици и изборните подготовки во Македонија, како и мигрантската криза.
" Во таа насока, согoворниците изразија уверување дека за претстојните предвремени парламентарни избори ќе биде организирана масовна набљудувачка мисија на ПС на ОБСЕ, ОДИХР и други релевантни меѓународни институции, со цел евалуација на изборниот процес што треба да ја врати Македонија високо на европската агенда", се наведува во соопштението.
Вицепремиерот и шеф на дипломатијата Попоски денеска имаше и обраќање на втората сесија на овогодинешното Парламентарно собрание на ОБСЕ „Развој на демократски институции и човекови права во ЈИЕ", што се одржува во Скопје.