Поранешниот израелски претседател и премиер, добитникот на Нобеловата на града за мир Шимон Перес денеска беше погребан на националните гробишта во Ерусалим.
На погребната церемонија присуствуваа голем број на светски лидери од 70 земји во светот, меѓу кои и палестинскиот претседател Махмуд Абас.
Говорејќи на погребот, поранешниот претседател на САД Бил Клинтон го нарече Перес "мудар шампион на нашата хуманост", кој еволуирал од јастреб во застапник на мирот за време на неговата политичка кариера. Клинтон потсети на мировниот договор од Осло од 1990 година, за што Перес ја доби Нобеловата награда за мир.
Претседателот на САД, Барак Обама пак, потсети на "незавршена работа на мировните разговори меѓу Израелците и Палестинците.