Ноемвриската пензија, која ќе биде исплатена на почетокот на декември годинава за околу 300 илјади пензионери ќе биде покачена за 5 проценти или за околу 670 денари месечно по пензионер, без разлика на политичката криза која влијаеше на економијата во земјава, но беше ублажена од преземените чекори на Владата. изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Политичката криза, рече тој, влијаеше негативно врз економијата,но сепак Владата во изминатите две години преземаше многу чекори за да се пресретнат негативните ефекти од политичката криза и колку што е можно повеќе да се ублажат, намалат или минимизираат.