Судењето на 14 обвинети од СЈО во случајот со нарачаните шамари за градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски и насилните протести пред општината ќе почне на 21 ноември, соопшти денеска Основниот суд Скопје 1.
Судечкиот судија кај кого беше распореден обвинителниот предлог на СЈО, со оглед на распоредот на претходно закажани судења на судијата кој постапува по притворски предмети, а и големиот број на обвинети опфатени во овој предмет, главната расправа ја закажана за 21 ноември 10 часот, информира судот.
Обвинението е поднесено против 14 лица за кривично дело насилство, и тоа, за пет лица како поттикнувачи на насилството и девет лица како директни извршители на насилството.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Вашиот пребарувач не подржува HTML5