Кадровски промени во МВР

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска соопшти дека го искористил правото според договореното од Пржино и направил 11 кадровски промени во МВР со цел да се организираат кредибилни и фер избори во декември. Веднаш реагираше дополнителниот заменик министер Оливер Андонов оценувајки дека Спасовски ги извршил кадровските промени незаконски.