Москва соопшти дека последната изјава на официјален Вашингтон за Сирија била еднаква на поддршка на тероризмот. Имено, вчера портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби изјави дека Вашингтон се подготвувал да ја суспендира сета соработка со Русија во Сирија доколку Русија не преземе сериозни чекори за запирање НА НАПАДИТЕ ВРЗ Алепо. Заменик министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рибјаков оваа изјава ја оцени како „емоционален испад“. Тој додаде дека Москва предложила 48 часовна „хуманитарна пауза“ во Алепо и оти за Русија бил неприфатлив предлогот на САД за седумдневен прекин на огнот.