Заменик претседателот на Владата на Македонија, задолжен за европски интеграции Арбр Адеми вчера во Брисел се сретна со комесарот за преговори за проширување и соседска политика на Европската унија, Јоханес Хан. „Го информирав комесарот за реализација на обврските што произлегуваат од политичкиот договор од 20 јули, кои се значајни за да организираме фер, демократски и кредибилни избори. Се согласивме дека оценката на политичките лидери дека се задоволени условите за организирање на предвремени парламентарни избори во декември е позитивен исчекор кон разрешување на долготрајната политичка криза, изјави вицепремиерот Адеми по средбата. Според него, тој и комесарот Хан констатирале дека „сега е исклучително важно во наредните недели и месеци, сите политички и општествени чинители во Македонија да дадат придонес за да продолжи евроинтегративен процес“.