Самоопределување бара нова демаркација со Црна Гора

Висар Имери

Лидерот на косовското движење Самоопределување Висар Имери побара од премиерот Иса Мустафа уште еднаш да го разгледа договорот за демаркацијата на границата со Црна Гора. Тој изјави дека начинот на кој е определена границата со Црна Гора е грешка. „Договорот е неприфатлив. Косово треба да има обележена граница, но тоа треба да биде на точен и праведен начин“, речеИмери. Инаку, против договорот, потпишан пред една година, освен Самоопределување, против се и Алијасата за иднината на Косово на Рамуш Харадинај и иницијативата за Косово на Фатмир Лимај.