Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е должна да поднесува извештаи, да присуствува и да ги образложува своите извештаи пред Собранието на Република Македонија и пред неговите работни тела онака како што предвидува Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија и онака како што е апсолутната пракса, изјави на денешната прес-конференција во Собранието на РМ координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.
Според него, СДСМ, СЈО и како што ги нарекува шарените платени демостранти на Сорос и Катица Јанева се усогласени и координирани во планот како Катица Јанева да била извлечена од обврската да дебатира, дискутира и поднесува одговорност пред Собранието на Република Македонија.
" Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ инсистира госпоѓата Јанева да се врати на седница на Комисијата за политички систем зошто тоа е нејзина одговорност според Уставот, законите и Деловникот за работа на Собранието" рече Димовски.
Доколку СЈО и Катица Јанева не постапeле како што нагласи во согласност со Уставот и законите, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија воопшто немала да прифати разгледување на какви било барања и предлози од страна на СЈО.